ММС

Објавено на: 02/3/21 8:10 PM

ЕУ врти нова страница: Наскоро можно одобрување за употреба на руската вакцина

Руската вакцина против коронавирусот Sputnik V би можела да биде одобрена за употреба во ЕУ уште следниот месец – соопшти директорот на Фондот за директни инвестиции, Кирил Дмитријев.

-Поднесовме документи до Европската медицинска асоцијација која е европски регулатор. Процесот на разгледување може да се случи овој или на почетокот на следниот месец – соопшти Дмитријев во  во интервју за телевизијата Русија 1.

Претходно научното списание Лансер објави дека вакцината Sputnik V е сигурна и ефикасна, односно дека овозможува целосна заштита од тешки случаи на ковид-19. По повеќемесното истражување на руските имунолози во кое учествуваа 19.866 доброволци завршена е третата фаза од клиничкото испитување, со што се потврди дека вакцината има ефикасност од 91,6 проценти.

Европската унија во моментот се соочува со проблем во однос на набавките на вакцини бидејќи произведувачите не може да ги испорачаат договорените количини.

 

Фото: Twitter / Arab News

Извор: alo.rs


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.