ММС

Објавено на: 02/3/21 7:42 PM

И Србите ќе ја произведуваат руската вакцина: Се очекува тоа да почне до летото

Србија се надева дека во април или најдоцна до почетокот на летото ќе почне да ја произведува руската вакцина, но тоа зависи од руските експерти – соопшти државниот секретар во Министерството за здравство, Мирсад Џерлек.

„Тоа ќе го одредат стручните лица од Русија кои веќе имаат огромно искуство и кои успеаја да направат една многу квалитетна вакцина како што е Sputnik V“, изјави Џерлек откако беше најавено дека руски експерти на 1. февруари ќе го посетат Институтот за вирусологија Торлак во Белград.

Тој наведе дека Србија има одлични експерти, па од тој аспект нема да има проблеми. Во случај условите во Србија да не се задоволувачки, Џерлек верува дека експертите од Русија ќе понудат помош за да може Србија да се вброи меѓу земјите кои ќе ја произведуваат првата регистрирана вакцина против коронавирусот.

„Искрено, рано е да се зборува кога ќе почне производството. Ние се надеваме што побргу бидејќи видовме во оваа тешка ситуација дека сите земји мислат само на себе“, изјави Џерлек потсетувајќи дека Србија преку КОВАКС механизмот уплатила пари за вакцини,  но не добила ниту една вакцина.

Според него, ЕУ досега не ја покажала солидарноста за која зборувала.

Одговарајќи на прашање дали планот е Србија да произведува вакцини само за домашна употреба или евентуално и за извоз, Џерлек рече дека  се размислува за производство на многу повисоко ниво одошто ќе биде потребно само за потребите на Србија.

„Тоа ќе зависи од односите на Србија и Русија, колку пари ќе се вложат овде и што сакаме да постигнеме со таа фабрика во која е се произведуваат вакцините“, додаде Џерлек.

 

Фото:  Илустрација / freepik

Извор:    blic.rs


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.