ММС

Објавено на: 02/3/21 5:38 PM

МВР ќе ги изнесе пред Обвинителство сите докази за случајот „јавна соба”

МВР апсолутно ги поддржува барањата на граѓаните во однос на „Јавна соба”. Веќе се приведени четири лица, извршени се претреси, одземени се телефоните кои се вештачат и коишто ќе бидат предадени на Јавното обвинителство. Воедно, идентификуваме и детектираме дополнителни лица коишто биле дел од „јавна Соба”, стои во соопштението од МВР.

Од МВР информираат дека неселективно се постапува кон сите што се детектираат и идентификуваат, и дека ќе биде спроведена постапка, сѐ со цел да се обезбедат докази и да се достават до Јавното обвинителство.

-Веќе информиравме за слична група, во која има и членови кои не се од нашата земја, а на којашто се приклучуваат и членови од земјава, така што и тука се постапува и се следи и за сите други активности коишто ги имаме за други групи на социјалните мрежи, будно следиме будно и покренуваме соодветни постапки, се наведува во соопштението.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.