Сончево време со мала до умерена локална облачност не’ очекува утре во земјава. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла и ниска облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 5, а максималната ќе достигне од 12 до 20 степени, информираат од УХМР
Во Скопје претпладне со услови за појава на слаба магла и ниска облачност. Во текот на денот сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 14 степени.
До недела ќе се задржи стабилно време со натпросечни дневни температури што ќе предизвика топење на снежната покривка на планините. По котлините во утринските и раните претпладневни часови ќе има појава на магла и ниска облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Под влијание на влажен бран во понеделник ќе има повремени врнежи од дожд проследени со засилен јужен ветер.