ММС

Објавено на: 02/3/21 3:31 PM

Предаторите и женомразачи ја прелејаа чашата – Протестен марш против сексуалното злоставување

Денеска се одржа протестен марш против Јавна соба и сексуалното вознемирување и насилство кој почна пред седиштетото на МВР и продолжи кон Основното јавно обвинителство.

“Јавна соба со своите стотици жртви и илјадници предатори и женомразачи, само ја прели чашата. Тука сме бидејќи насилството се смета за традиција, а силувањето од партнер приватна работа. Тука сме бидејќи сме биле допирани без да сакаме, сме биле следени, заплашувани и научени да молчиме.

Тука сме бидејќи не сме безбедни, дома, во училиште, на работа, на улица, на социјалние мрежи. Тука сме бидејќи се плашиме да пријавивме насилство во полиција. Тука сме бидејќи добивме стотици пораки од девојки и жени кои биле сексуално злоупотребувани“, рекоа организаторите на протестот кои побараа во Кривичниот законик да се внесе и интернет вознемирување.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.