ММС

Објавено на: 02/3/21 3:26 PM

Му го украле автомобилот од сопствениот двор

Жител од селото Ратево останал без својот автомобил, кадец му го одел од дворното место на сопствената куќа.

„Во текот на вчерашниот ден  во 07.20 часот во полициската станица Берово, Р.Б.(26) од с.Ратево, беровско, пријавил дека во временскиот период од 19.00 часот на жпрви февруари  до 07.00 часот на 2 февруари од страна на непознат сторител од дворно место пред неговата семејна куќа во с.Ратево, противправно му било одземено патничко моторно возило „фолксваген пасат“ со беровски регистарски ознаки“, информираат од Полицијата.

Извршен бил увид на местото на настанот и се работи на расчистување на случајот.

Во текот на вчерашниот ден, од селото била пријавена уште една кражба.

Непознат сторител, насилно влегол и ја ограбил црквата „Собор на Св. Апостол Петар и Павле“.

„Во текот на вчерашниот ден во 09.00 во полициската станица Берово, било пријавено дека во временскиот период од 31 јануари до 9.00 часот на 2 февруари, непознат сторител со употреба на сила влегол во црквата „Собор на Св. Апостол Петар и Павле“ во с.Ратево, беровско од каде противправно одзел пари“, информираат од Полицијата. Увид на местото извршила увидна екипа и се работи на расчистување на случајот.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.