ММС

Објавено на: 02/3/21 2:42 PM

Бројот на заразени со сезонски грип годинава е намален за 70%

Во споредба со лани, бројот на заразени со сезонскиот грип годинава е намален за над 70 %, говорат податоците на Институтот за јавно здравје. Здравствените работници велат дека оваа бројка е резултат на превентивните мерки кои граѓаните ги преземаат со цел да се заштитат од коронавирусот.

Драстично намалениот број на заразени со сезонски грип е доволен доказ дека превентивата е најдобар лек за заштитита на луѓето од вируси и инфекции.

Од една страна луѓето внимаваат носат маски, држат дистанца поради состојбата со пандемијата, но од друга страна голем дел од граѓаните уплашени од корона состојбата решија годинава да се вакцинираат против сезонски грип.   Инаку, вакцините против сезонски грип годинава доцнеа со месеци, а интересот беше голем. Имаше недостаток на вакцини кои беа наменети за болни и стари лица, а комерцијалните стигнаа дури во декември.

Дел од здравствените работници тогаш истакнаа дека имунитетот како резултат на вакцините се стекнува за месец до два, откако ќе се примат. Заштитата со вакцина во декември како што кажаа била  задоцнета, затоа што пикот на сезонскиот грип е јануари. Но како и да е мерките поврзани со КОВИД-19 ги заштитија граѓаните од сезонскиот грип.  

 

Зоран Димовски

  


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.