ММС

Објавено на: 02/3/21 2:33 PM

Во ковид – центрите во Скопје за 24 часа хоспитализирани 16 пациенти, вкупно се лекуваaт 240

Во изминатите 24 часа во ковид – центрите во Скопје се хоспитализрани 16 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно 240 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град, соопшти Министерството за здравство.

Во последното деноноќие, на интерните клиники имало два приеми.

Во ковид центарот во ГОБ „8 Септември” имало пет нови приеми на пациенти, а на Инфективната клиника девет во текот на вчерашниот ден.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 25 оздравени пациенти.

Во моментов на Кожната клиника во ковид – центарот се лекуваат 20 пациенти, на Клиниката за неврологија 23 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 20 пациенти со симтоми на коронавирусот.

Во ГОБ „8 Септември” има вкупно 76 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 82 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 19 пациенти.

Вкупно 240 пациенти потврдени и сомнителни за ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.

Бројот на приеми во изминативе денови е стабилен и изутрината до 8 часот имало 94 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места. Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна поддршка, стои во соопштението.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.