ММС

Објавено на: 02/3/21 1:55 PM

Роналдо стана најдобар стрелец во историјата на фудбалот

Кристијано Роналдо стана најдобар стрелец во историјата на фудбалот. Ова звучи како стара вест затоа неколку дена се дебатираше дали Португалецот ги надминал достигнувањата на Пеле и Џозеф Бикан, но сега влијателниот весник Марка од Шпанија извади детална статистика за  тоа кој е најдобриот стрелец во историјата на најпопуларната игра на планетата.

Роналдо на синоќешниот меч против Интер во полуфиналето на италијанскиот Куп постигна два гола за Јувентус, што беа негови 762. и 763. во кариерата.

Со првиот гол против Интер Роналдо се изедначи со Пеле и Џозеф Бикан кои постигнале по 762 погодоци.

Меѓутоа во врска со бројот на голови на овие двајца постојат многу контроверзи затоа што и за едниот и за другиот се тврди дека нивните постигнувања се многу поголеми. Некои извори тврдат дека Бикан постигнал дури 805 голови, но официјалната статистика покажува нешто друго.

Деталната статистика на Марка покажува дека Роналдо постигнал 31 гол за Спортинг Лисабон, 118 за Манчестер, 451 за Реал Мадрид и 111 за Јувентус после синоќешните два гола, а постигнал уште 102 гола за репрезентацијата на Португалија.

Единствен играч кој би можел да го собори рекордот на голгелтерот на Јувентус во блиска иднина е Лео Меси од Барселона кој во моментов е на петтото место на вечната листа на стрелци со 720 официјални голови.

извор: Marca

фото: juvefc.com , Marca


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.