ММС

Објавено на: 02/3/21 11:42 AM

Наместо сол, во Германија вода од кисели кратставички за зимско одржување на патиштата!

Сок од кисели краставички, односно вода што се користи за скиселување зеленчук во индустриското производство, се покажа како одлична на спречување на создавање мраз, а еколошки е поприфатлива и заштедува пари.

Се’ почна како баварски експеримент, а наскоро може да се прошири како практика во цела Германија. Пилот-програмата може целосно да го замени традиционалното посипување со сол на патиштата, кое, иако спречува создавање мраз, долгорочно и’ штети на околината, а чини и скапо, пишува „RTL today“, а пренесува „Информер,рс“.

Минатата сезона беа потрошени 326.000 тони сол за чистење на долгите патни мрежи во Баварија, што е скап потфат со негативни последици за животната средина. Баварските функционери бараа поевтина и еколошка алтернатива, а ја пронајдоа во локалниот производител на кисели краставички, кој секоја година скиселува 17.000 тони краставици. Солената и кисела вода од краставиците произведена во тој процес веќе една година се користи за одржување на патиштата во Баварија.

Со рециклажа и незначителна модификација на саламурата се намалува вкупното количество сол што се испушта во околината, заедно со негативното влијание врз неа. Во посебен погон водата се третира, чисти и им се доставува на патарите какко саламура.

Според баварското Монисерство за домување, изградба и сообраќај, се очекува регионално подготвената саламура да заштеди 700 тони сол и 4,9 милиони литри вода по зимска сезона.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.