ММС

Објавено на: 02/3/21 10:55 AM

Кина ќе обезбеди 10 милиони дози вакцини против Ковид 19 за земјите во развој

Кина одлучи да обезбеди 10 милиони дози од вакцината против Ковид 19 за Ковакас механизмот со цел да се задоволат итните потреби за земјите во развој, изјавил денеска портпаролот на министертсвото за надворешни работи Ван Венбин на брифингот со новинарите.

Испораката на кинеската вакцина во земјите во развој е на брање на Светската здравствена организација, пренесува Хина.

Кина очекува од меѓународната заедница да вложи заеднички напори во правична распределба и употреба на вакцините и да осигура достапност и ценовна пристапност на вакцината за земјите во развој.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.