ММС

Објавено на: 02/3/21 10:35 AM

Тимот на СЗО во моментов влегува во најкотровезното место на светот

Експертите на СЗО денес го посетија Институтот за вирусологија во Вухан како дел од истрагата за потеклото на пандемијата на корона вирусот.

Може да се каже дека овој институт во моментов е најконтроверзното место во светот, ако се земат предвид бројните теории дека ширењето на вирусот кој зарази и уби милиони луѓе и го заклучи целиот свет започна од таму.

Тимот на СЗО чекаше неколку месеци за воопшто да добие дозвола за влез во Кина, а кога тоа го направија, властите на Кина ги испратија во 14-дневна изолација.

Десет истражувачи од тимот на СЗО учествуваат во обиколката на институтот. „Тимот очекува многу продуктивен ден и ќе ги постави сите потребни прашања“, им рече на новинарите еден од членовите на тимот, Питер Дасак, пред посетата.

Институтот има неколку лаборатории кои се под строги безбедносни мерки и во кои истражувачите работат на вирусот корона.

Покрај теориите на заговор, поранешниот американски претседател Доналд Трамп исто така го обвини институтот за „протекување“ на вирусот Ковид 19 што предизвика  пандемија.

Пекинг ги негираше обвинувањата и има своја теорија – дека постои можност вирусот да е увезен во Кина.

Преземено од: https://www.b92.net/
Фотографија: Tanjug/AP Photo/Ng Han Guan


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.