ММС

Објавено на: 02/3/21 9:34 AM

Безос повеќе не е главен директор на „Амазон“

Џеф Безос (57), кој го основа „Амазон“ и го претвори во гигант во онлајн-трговијата, по речиси три децении на чело на компанијата, се повлекува од функцијата главен извршен директор.

Неговото место од оваа есен ќе го заземе Енди Џаси, кој раководи со услужниот бизнис во компанијата. По повлекувањето, Безос ќе стане извршен претседател.

Безос, во соопштение до вработените, наведува дека планира во иднина да го насочи своето внимание кон нови производи и иницијативи што ги развива „Амазон“. .

„Амазон“ е основана во 1995 година. Компанијата стана пионер во брза и бесплатна испорака, привлекувајќи милиони потрошувачи да купуваат секакви производи преку Интернет.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.