ММС

Објавено на: 02/3/21 7:48 AM

Продолжение на 30. собраниска седница, на дневен ред и интерпелацијата на Димитров

Собранието денеска треба да го одржи продолжението на 30. седница на која меѓу точките на дневен ред е и интерпелацијата за работата на заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров.

Интерпелацијата на вицепремиерот Димитров е поднесена од група пратеници од опозицијата.

Пред пратениците на оваа седница се Предлог измените на Законот за еднакви можности на жените и мажите, Предлог-измените на Законот за употреба на знаковниот јазик, Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за задолжително капитално финансирано пензиско осигурување, Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за доброволно капитално финансирано пензиско осигурување, Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за заштита од вознемирување на работно место, како и Предлог на закон за изменување на Законот за практиканство, сите по скратена постапка.

По скратена постапка на оваа седница се и Предлог измените на Законот за волонтерството, Законот за исплата на пензии и пензиски надоместоци од капитално финансирано пензиско осигурување, Законот за вработување на инвалидни лица, Законот за вработувањето и осигурување во случај на невработеност, како и Предлог законот за отпис на камати и репрограмирање на долгови и трошоци на јавни претпријатија.

На седницата се ставени и повеќе законски решенија во прво читање.

МИА


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.