ММС

Објавено на: 02/3/21 6:58 AM

Време: Од денеска до недела пролет во зима

Сончево со мала до умерена облачност, претпладне по одделни котлини со појава на магла и ниска облачност. Ќе дува слаб ветер претежно од југозападен правец. Утринските температури од -1 до +6 степени, а максималната дневна до 18 степени.

До недела, според УХМР, ќе се задржи стабилно време со натпросечни дневни температури што ќе предизвика топење на снежната покривка на планините. По котлините во утринските и раните претпладневни часови ќе има појава на магла и ниска облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.