ММС

Објавено на: 02/3/21 12:14 AM

Нов предизвик за студентите во Франција: Чекање во редици за храна

Новиот вид коронавирус (Ковид-19) во Франција започна да влијае и на животот на студентите од универзитетите.

И покрај тоа што Владата ја намали цената на храната на универзитетите на 1 евро, поради скапите животни трошоци, високите кирии и отпуштањата од работа, студентите се доведени до работ на егзистенција.

Во главниот град Париз, во последните денови долгата редица, формирана од студентите кои чекаат пред хуманитарните здруженија што даваат помош од храна, стана најзабележителната сцена.

Студентите, кои не можат да добијат доволно помош од државата и имаат тешкотии во животот поради епидемијата на Ковид-19, и покрај студот, секој ден чекаат со часови за да добијат пакет помош од 7 килограми.

На дистрибутивните точки, некои студенти, свирејќи на своите музички инструменти, се обидуваат да ги расположат нивните колеги кои чекаат во редиците.

Од друга страна, се критикува Владата, што не го исфрла од својата агенда нацрт-законот насочен кон муслиманите и што наместо да најде решение за економските проблеми таа создава вештачки агенди.

Студентите над 25 години не можат да земаат стипендија

Дваесет и шестгодишниот Себаа, со алжирско потекло, кој чека во редицата пред хуманитарната организација „Linkee“ во 13-тата област во Париз, во изјавата за Агенција Анадолија (АА) истакна дека е инженер и дека магистрира на Универзитетот „Сорбона“.

Наведувајќи дека истовремено и работи, Себаа рече дека пред 6 месеци бил отпуштен од работа поради економските потешкотии во земјата предизвикано од епидемијата на Ковид-19.

„Не можам да земам стипендија бидејќи сум постар од 25 години. Имам колеги кои се помлади од мене, но земаат стипендија само 150 евра. Секако со тоа не е можно да се живее месецот“, нагласи студентот Себаа.

Наведувајќи дека по два месеца треба да започне со стажирање во лабораторија, Себаа рече дека ако започне со практика, се надева дека ќе му бидат исплатени приближно 500 евра месечно и дека со ова ќе започне да плаќа барем кирија.

Критика кон Владата дека создава вештачки агенди

Вероника, која од Мексико е дојдена во Франција за да се образова на универзитет, рече дека работела со скратено време во ресторан, но поради епидемијата останала без работа.

„Поминаа два месеца откако ги потрошив парите што ги заработив. Моментално економската ситуација ми е тешка, познавам многу студенти кои се во иста ситуација како мене“, рече Вероника, додавајќи дека благодарение на пакетот со храна што го добила, неколку дена нема да остане гладна.

Вероника, критикувајќи ја Владата дека „не се фокусира на изнаоѓање решенија за реалните проблеми во Франција, туку ги окупира луѓето со вештачки агенди“, истакна дека студентите се обидуваат да го надминат овој тежок процес благодарение на хуманитарните организации.

Претседателот на хуманитарната организација „Linkee“, Жилиен Мемон, истакна дека нивното здружение е основано за да им помага на студентите.

Наведувајќи дека е доволно да се покаже студентската легитимација за да се искористат пакетите со храна, Мемон рече дека во пакетите со храна освен зеленчукот, кој се состои од компири, кромид и моркови, има и млеко, јогурт и разни благи работи.

Мемон, исто така, рече дека на студентите им се даваат и комплети за лична хигиена, како што се маски и крпи, за да се заштитат од епидемијата.

Посочувајќи дека нивните активисти се студенти доброволци, Мемон рече дека тие дистрибуираат храна во одредени денови од неделата и дека повеќе од 450 студенти ја користат оваа помош.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.