Немаше да биде крај на светот ако Пендаровски се спротивставеше на Заев и не го потпишеше Законот за фалсификат попис, реагираат од најголемата опозициона партија во државата.
Според ВМРО-ДПМНЕ претседателот Пендаровски е лицемерен поради тоа што сепак го потпишал Законот за попис и не се спротиставил на очигледниот „фалсификат“.
-Пендаровски е лицемерен. Ако толку беше загрижен за пописот немаше да биде крај на светот доколку му се спротивставеше на Заев и не го потпишеше Законот за фалсификат попис. Самото барање на Пендаровски за одложување на пописот е признание дека власта не е спремна за легитимен попис и дека барањата на ВМРО-ДПМНЕ во врска со пописот се оправдани. Сегашната негова реакција е задоцнета, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Првиот попис по цели две децении во земјава ќе се спроведе од први април.