ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 07/21/18 10:24 AM

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ загази во криминал и сите манипулации околу референдумот

Условите кои еднаш важеле за избори треба да важат и сега. Почитување на пржинскиот концепт на техничка влада пред избори е единствен начин како граѓаните ќе можат непречено да ја искажат својата волја – децидна е опозициската ВМРО-ДПМНЕ, која денеска реагираше преку писмено соопштение.

„СДСМ загази во криминал и сите манипулации околу референдумот и партиските преговори се само обид да се покрие грабежот што се одвива во моментов. Додека граѓаните се вознемирени дали ќе биде распишан референдум и дали тој ќе биде задолжителен или консултативен, Зоран Заев дава монопол и 35 милиони евра на фирма која постои еден месец и е единствена која конкурирала. Додека граѓаните се во дилема околу двосмисленото прашање што се предлага, Зоран Заев фрла 350 000 евра за мебел и кујни во МЕПСО. Додека граѓаните се грижат за составот на државната изборна комисија што треба да го реализира референдумот и да гарантира фер гласање, Заев дели 10 милиони евра на фирми на Кочо Анѓушев, Хари Локвенец и други сопартијци и послушници, претставувајќи ги како иноватори“, велат од ВМРО-ДПМНЕ од каде го повторуваат ставот дека Договорот со Грција е капиталнтски:

„Договорот со Грција не е добар. Тој во ниту еден случај не го гарантира македонскиот идентитет. Со овој договор се брише името Република Македонија, македонската историја, традиција и култура“.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1