ММС

Објавено на: 02/2/21 9:01 PM

Франција не ја препорачува вакцината на АстраЗенека за лица над 65 години

Вакцината на АстраЗенека против ковид-19 е трета по ред, која е одобрена во Франција. Тамошниот Јавен институт за здравство објави дека не се препорачува со оваа вакцина да се вакцинираат лицата постари од 65 години, бидејќи се уште нема доволно податоци за ефикасноста на вакцината кај луѓето на оваа возраст.

„Се’ уште немаме доволно податоци за луѓето постари од 65 години. Се надеваме дека тие податоци ќе ги добиеме во следниот период, а во меѓувреме таа вакцина ја препорачуваме за оние што се помлади од 65“, изјавиja oд Институтот. Франција ја одобри вакцината на АстраЗенека четири дена по Европската агенција за лекови.

Независното тело чии совети кои според Владата се исклучително важни, смета дека вакцината треба прво да ја добијат луѓето меѓу 50 и 60 години, но и медицинските работници. Слична одлука за употребата на оваа вакцина донесоа Италија, Австрија и Германија, кои исто така се повикуваат на недоволно податоци.

Европската агенција за лекови (ЕМА) минатата недела порача дека нема доволно податоци за вакцината на АстраЗенека за да утврди дали може да се користи кај постара популација.

 

 

Фото:  илустрација / freepik

Извор: index.hr


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.