ММС

Објавено на: 02/2/21 8:59 PM

Стефан Ристовски потпиша за Динамо Загреб

Крајот на шпекулациите за иднината на репрезентативниот десен бек дојде со последниот ден од јануарскиот преоден рок.

Стефан Ристовски и официјално од Спортинг Лисабон се пресели во Динамо Загреб, придружувајќи му се на соиграчот од репрезентацијата на Македонија со кого ќе игра заедно и на претстојното Европско првенство, Аријан Адеми.

Ристовски потпиша со Динамо повеќегодишен договор и стави точка на тригодишниот мандат во португалските зелено-бели. Хрватската лига нема да претставува незнаен терен за Ристовски, со оглед на тоа дека во 2017-та година заедно со Леонард Жута играше во Ријека и ја освои двојната круна.

-Горд и среќен сум што станав играч на Динамо. Огромно е задоволството и чест е да се потпише договор за клуб кој има највеќе освоени титулу во Хрватска и редовно учествува во натпреварувањата на УЕФА и тоа со голем успех и значајни резултати. Сите знаеме какво реноме има Динамо овде и надвор од границите на земјата, изјави Ристовски за официјалниот веб-сајт на Динамо.

Стефан Ристовски ќе биде петтиот Македонец во историјата на загрепчани. Васил Рингов во 1983-та година го отвори патот за нашите репрезентативци во еден од поголемите клубови од поранешна Југославија.

 

 

 

 

Фото:

gnkdinamo.hr


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.