ММС

Објавено на: 02/2/21 8:23 PM

Омбудсманот ќе добие поинаков лик, најави новиот народен правобранител, Насер Зибери

Една од главните заложби на новиот Народен правобранител, Насер Зибери е институцијата што ќе ја води да добие поинаков лик. Оваа изјава омбудсманот Зибери ја даде вечерва на емисијата Топ Тема на Телевизија Телма, оценувајќи дека уставно правната положба на Народниот правобранител е солидна.

– Се согласувам дека често пати овие изјави се декларативни и дека нивната поткрепа низ мандатот спласнува, и полека граѓаните почнуваат да ја губат довербата. Но, јас во овој период што претстои ќе ги вложам сите мои ресурси, капацитети да ги демантирам и праксата и скепсата на сите тие што сметаат дека на ист начин ќе заврши и овој мандат на народниот правобранител, изјави омбудсманот Зибери.

Воедно, тој посочи дека кај негои постои подготвеност институцијата Народен правобранител да се постави на вистински основи.

– Пред се мислам на абсорбирање на собирање и ставање во функција на сите надлежности кој законот му ги дава, второ да биде кооперативен и трансапрентен во својата функција и да има солидна соработка, пред се со медиумите, а преку медиумите да бидат запознаени граѓаните со тоа што ние сработуваме и со кој проблеми се соочуваме, а преку тоа на некој начин да бидеме притисок врз органите на управата, единиците на локалната самоуправа и сите институции кој потпаѓат под нашиот радиус на обсервирање, изјави Зибери.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.