ММС

Објавено на: 02/2/21 8:14 PM

(Видео) Александра на 51. година стана мајка: Јас сум пример дека може да се случи чудо

Александра Живковиќ од Ниш се остварила како мајка на педесет и едногодишна возраст. Поместувајќи ги границите во однос на чинот на раѓање, таа како самохрана мајка неодамна го прослави првиот роденден на својата ќерка Хелена – пренесоа српските медиуми.

„Кога сфатив дека времето си минува и дека нема веќе се’ да биде онака како што се надевав и очекував во животот, пресеков и почнав со анализите во врска со тоа што и како можам“, вели Александра.

Денес таа не ја симнува насмевката од своето лице. Кога одлучила за процес на вештачко оплодување и помогнал нејзиниот гинеколог, но сепак вели дека и финансиската страна била многу важна. Кога се било во ред, таа се впуштила во процесот.

Вели дека никогаш не е доцна и порачува дека нема откажување, ин витро оплодувањето е голема шанса за жени од сите возрасти.

Јас сум пример дека може да се случи чудо ако некој има таков сплет на околности во животот- додава оваа мајка.

 

Извор:  prva.rs


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.