ММС

Објавено на: 02/2/21 7:39 PM

Владата ја разгледа и усвои Информацијата за регионалните системи за управување со отпад

Владата денеска на седница ја разгледа и усвои Информацијата за потребните средства за воспоставување регионален систем за управување со отпад во Југоисточниот, Вардарскиот, Пелагонискиот, Југозападниот и Полошкиот регион, соопштија од прес-службата на Владата.

Како што стои во соопштението Владата ги задолжи Министерството за финансии во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање да започнат постапка за обезбедување заем од меѓународни финансиски организации за воспоставување на регионални системи за управување со отпад во овие региони.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.