ММС

Објавено на: 02/2/21 7:22 PM

Како да препознаете дали вашето куче е депресивно? Неколку знаци укажуваат на проблеми со психичкото здравје кај милениците

Нашите домашни миленици исто како и нас, може да имаат проблеми со менталното здравје. Важно е да забележите дали има промена во нивното однесување, да ја утврдите причината и се разбира, да ја елиминирате. Кучињата генерално се добро расположени и без грижи. Меѓутоа, кучињата во многу ситуации може да бидат тажни, анксиозни и депресивни, исто како лиѓето. Кај кучето сепак тоа е многу потешко да се дијагностицира, но сепак, има знаци кои може да укажат дека нешто не чини. Причините кои водат кон психички проблеми кај кучињата се бројни – промена на рутината, болест, вдомување нов миленик или разделба со некој со кого се приврзани.

Како да препознаете дали вашето куче е несреќно? Постојат неколку знаци за тоа, но вреди да се напомене дека кај сите тие симптоми прво треба да се утврди дали се последица од некоја физичка болест.

Апетит

Апетитот се менува, па кучињата исто како и луѓето кога се под стрес, престануваат да јадат. Друг пак, почнуваат да јадат без престан. Тоа може да доведе до слабеење или дебелеење и затоа треба да бидете внимателни.

Игра

Ако вашето куче некогаш лудувало по некоја играчка, а сега не го интересира, треба да преземете непто. Обидете се да го заиграте, но ако тоа не ви успева неколку дена по ред, значи дека постои проблем. Штом кучето ќе изгуби волја да ужива во нешто што претходно му причинувало задоволство, значи дека ситуацијата е сериозна. Истото важи и ако одеднаш почне да ги уништува своите играчки, или пак други предмети во домот.

Спиење

Исто како и со храната – ако спие без престан или многу малку, сигурно се случува некаква промена. Морате да имате на ум дека кучињата сакаат долго да спијат, па не кревајте паника ако спие половина час подолго.

Движење

Ако одеднаш лудо шета низ станот или куќата, без да има јасна цел, очигледно е дека нешто не е во ред. Покрај тоа, ако кучето се крие од луѓе и други кучиња, па дури и од вас, направете нешто. Се разбира, ако имате асоцијално куче тоа е во ред, но ако одеднаш се разбудите со миленик кој само гледа како да се повлече во себе, треба да реагирате. Истото важи и ако кучето порано ве гледало во очи, а сега веќе ја нема таа навика.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.