ММС

Објавено на: 02/2/21 7:14 PM

„Фајзер“ очекува приход од скоро 15 милијарди долари од вакцината против Ковид-19 во 2021 година

Американската фармацевтска компанија „Фајзер“ соопшти дека оваа година очекува да заработи околу 15 милијарди долари од вакцината против Ковид-19, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Компанијата „Фајзер“ го објави својот биланс на состојба за четвртиот квартал на 2020 година.

Во соопштението се наведува дека приходите на компанијата во четвртиот квартал од минатата година се зголемени за 12 проценти во споредба со истиот период од 2019 година и достигнаа 11,7 милијарди долари.

Исто така, во извештајот се вклучени и податоци за приходите на компанијата во текот на 2020 година. Според тоа, приходите на „Фајзер“ се зголемија за 2 проценти во 2020 година во споредба со претходната година, достигнувајќи 41,9 милијарди долари.

Компанијата „Фајзер“ оствари продажба од 154 милиони долари во последниот квартал од 2020 година од вакцината против Ковид-19 развиена заедно со германската биотехнолошка компанија „Бајонтех“.

Меѓу другото, се забележува дека компанијата „Фајзер“ од вакцината против Ковид-19 во 2021 година очекува да оствари приход од околу 15 милијарди долари.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.