ММС

Објавено на: 02/2/21 7:06 PM

Зошто не е добро да се пие премногу млеко?

Една чаша млеко содржи високо ниво на калциум, што е поврзано со зајакнување на коските. Токму поради тоа, млекото се наоѓа во кујната на голем број домаќинства, но постои и теорија според која, преголемата количина млеко може штетно да влијае врз нашиот организам. Млекото е здраво и хранливо. Меѓутоа, ако го пиете премногу, тоа нема да го подобри вашето здравје. Преголемиот внес на што било е штетен, па така и кога станува збор за млекото.

Едно шведско истражување покажува дека пиењето премногу млеко го зголемува ризикот од фрактури. За истражувачите премногу млеко значи три или повеќе чаши дневно. Резултатите се особено вознемирувачки за жените. Имено, утврдено е дека конзумирањето неколку чаши млеко на дневно ниво може да го зголеми дури и ризикот од смрт во споредба со оние што пијат помалку од една чаша дневно. Мажите не се засегнати на ист начин како жените, но големите количини и за нив не се препорачливи. Впрочем, конзумирањето премногу млеко може да доведе до низа несакани ефекти, како умор, појава на акни, надуеност и други стомачни тегоби.

Резултатите од студијата се алармантни, но тоа не значи дека целосно треба да се откажете од млекото, бидејќи освен калциум, тоа содржини и витамин Д, витмамин Б 12, протеини. Се’ што треба е да го конзумирате умерено, така што чаша млеко на ден е идеален избор.

 

Извор: index.hr


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.