ММС

Објавено на: 02/2/21 6:04 PM

Министерството за правда го подготвува барањето за екстрадација на Игор Спасов, осудениот за убиството на Мартин Нешковски

Министерството за правда во тек на наредните денови ќе ја комплетира потребната документација за поднесување барање за екстрадација на Игор Спасов, осудениот поранешен припадник на специјалните едници на МВР за убиство на Мартин Нешковски, кој вчера беше уапсен во Бугарија.

– Ако лицето е во притвор државата има рок од 40 дена за поднесување барање за екстрадација, но веруваме дека во следните денови ќе ги прибираме потребните документи и до бугарските власти ќе поднесеме барања за екстрација на лицето Игор Спасов, велат за МИА од Министерството за правда.

Според извештајите на бугарските медиуми Спасов бил уапсен вчера околу 15 часот во населбата „Младост” во Софија.

Случајот „Нешковски” се случи во 2011 година на градскиот плоштад во Скопје, во време кога ВМРО-ДПМНЕ ја славеше победата на предвремените парламентарни избори. Тоа време осудениот Спасов, како дел на обезбедувањето, младиот Мартин Нешковски го претрпа до смрт.

МИА


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.