ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 07/21/18 3:41 PM

Летни намирници кои дебелеат

 

Летниот период е исполнет со интересна и вкусна храна – сладолед, скара, летни салати и така натаму. Се работи за намирници кои ретко кој не ги сака, намирници во кои многумина сакаат да уживаат за време на летните горештини. Сепак, колку и да е убаво да се почестите самите себе, мора да бидете внимателни со одредени намирници кои содржат калории што може значително да му наштетат на вашето здравје, но исто така да и’ наштетат и на вашата линија.

Во продолжение, погледнете кои намирници би требало да ги избегувате во текот на летото.

Месни преработки

Месните преработки како што се саламите или паштетите содржат многу конзерванси, па би требало да ги избегнувате доколку ви е грижа за вашето здраво. За време на летото, храната како што е хот догот е исклучително популарна, но истата содржи многу калории, а има малку нутритивни вредности па затоа подобро ќе биде да пронајдете поздрава алтернатива

Салати со преливи

Немојте да мислите дека сите салати се здрави, особено кога се работи за оние кои не сте ги подготвиле сами дома. Салатите со преливи изгледаат убаво, но тие имаат мноштво калории. На пример, компирот е преполн со скроз па не би требало да претерувате со него, особено во овој период од годината.

Коктели

Коктелите се многу калорични, всушност како и секој алкохолен пијалок. Ако сакате да одите на плажа со рамен стомак, избегнувајте ги коктелите во голема количина.

Милкшејк

Еден од освежителните пијалоци кои ги претпочитаат повеќето е милкшејкот, но сепак и тој „крие“ многу калории. Избегнувајте го милкшејкот и наместо со него, послужете се со некое смути од овошје и зеленчук.

 

Ладен чај

Ладните чаеви и сличните зашеќерени сокови содржат доста калории кои се шетни за забите и линијата. Освен тоа, поради високата присутност на шеќерите, ладниот чај може да предизвика глад, па затоа е подобро да земете природен сок или пак само вода.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1