ММС

Објавено на: 02/2/21 5:49 PM

Рита Ора влезе во Австралија, додека илјадници Австралијанци не можат да се вратат дома

Австралиската власа се најде на удар на критика од јавноста и опозицијата, откако пејачката Рита Ора успеа да влезе во земјата и покрај затворањето на државните граници. Имено, триесетгодишната музичка ѕвезда која ќе се појави во емисијата The Voice Australia во моментов минува низ четиринаесетдневен карантин во еден хотел. Меѓутоа членовите на опозицијата ја искритикуваа вадината одлука да и  се дозволи на Ора, која наводно патувала со придружба, да влезе во државата пред да успеат во тоа австралиските државјани кои се’ уште се трудат да се вратат дома.

-И понатаму 40.000 Австралијанци се „насукани“ во странство. Секоја позната личност што ќе заземе место во карантинот му го скратува тоа место на на некој Австралијанец кој чека да се врати дома – реагираа опозиционерите, кои додадоа дека тоа е пример дека Австралијанците се оставени на цедило.

Рита Ора не е во карантин во приватна организација, што значи дека нејзиниот хотелски престој спаѓа во ограничениот број места – заклучија од опозицијата.

За потсетување, шефот на еден ресторан во Лондон претходно тврдеше дека пејачката му понудила 5000 фунти во замена за прекршување на правилата за заштита од коронавирусот, со цел да биде организирана забава за нејзиниот роденден, што наиде на осуда од страна на британската јавност.

 

Фото: Instagram / Rita Ora

 

Извор:  telegraf.rs


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.