ММС

Објавено на: 02/2/21 5:44 PM

Жена и маж од Берово ширеле расистички и ксенофобични материјали на социјалните мрежи

Жена и маж од Берово заработија кривични пријави, бидејќи на социјалните мрежи ширеле расистички и ксенофобични материјали по пат на компјутерски систем. Од  СВР-Штип, во соопштение наведуваат дека  Одделението за внатрешни работи Берово до Основното јавно обвинителство Берово поднесе кривична пријава против 32-годишната В.Н. (32) од Берово, поради постоење основи на сомнение дека сторила кривично дело „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем” казниво по чл.394-г од Кривичниот законик.

-Пријавената на 11 јануари 2021 година  по пат на компјутерски систем, преку социјалната мрежа „Фејсбук” објавила ксенофобичен материјал, со кој поттикнала омраза, дискриминација или насилство, се вели во соопштението од СВР-Штип.

Во него се наведува дека Одделението за внатрешни работи во Берово поднесе кривична пријава и  против 39-годишниот  Б.С. од Берово, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем” казниво по чл.394-г, ст. од Кривичниот законик.

Пријавениот, исто така на 11 јануари  по пат на компјутерски систем, преку социјалната мрежа „Фејсбук” објавил коментар на пост на фејсбук профилот на 32-годишната В.Н од Берово, со кој поттикнал омраза, дискриминација или насилство.

Според Кривичниот законик, за вакво сторено кривично дело, судот може да изречи казна затвор од една до пет години.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.