ММС

Објавено на: 02/2/21 5:41 PM

Вилас-Боас го напушти Марсеј поради играчот на Селтик

Едно е сигурно. Во Олимпик Марсеј никогаш не е досадно. Откако викендов повеќе од 200 навивачи „влетаа“ во тренинг центарот на нивниот клуб во пресрет на мечот со Рен, кој подоцна беше и откажан, денес од Франција пристигнаа нови непријатни новини.

Поругалецот на прес-конференција напладне понуди оставка од позицијата тренер на Олимпик Марсеј. Причина за тоа? Новото засилување од Селтик. Имено, играчот од средината на теренот Оливер Нчам дојде во клубот како аквизиција од шкотскиот првак и директна замена за Морган Сансон.

Сепак, поранешниот фудбалер на Џенова не бил желба на Вилас-Боас и недостатокот на комуникација и консултација со управата претставуваше иницијална каписла за нудењето оставка пред очите на јавноста.

-Поднесувам оставка бидејќи не се согласувам со политиката на клубот. Не ми требаат никакви пари, никаков надоместок, само сакам да заминам, изјави тој.

На управата не им требаше долго. Инстантно по прес-конференцијата му врачија отказ на некогашниот тренер на Челзи и Зенит, објаснувајќи ја одлуката како нужна во фунцкија на заштита на името и имиџот на клубот.

 

 

 

 

Фото:

football365.com


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.