Полицијата поднесе кривична пријава против Н.Н.(33) од Кичево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама” – соопштија денеска од МВР.
На 16.07.2020, пријавениот се договорил со такси возач од кичевско за одредена сума да го однесе до Гостивар и да го врати назад. Во Гостивар пријавениот му го побарал мобилниот телефон да направи телефонски повици, се оддалечил од местото и не се вратил.
Откако оштетениот сфатил дека бил измамен, пријавил во Полициската станица Гостивар – додаваат од Министерството.
Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.