ММС

Објавено на: 02/2/21 4:03 PM

При крај е реконструкцијата и пробивањето заробената велосипедската патека на кејот на Вардар

Градежни работи се одвиваат покрај кејот на Вардар, каде се реконструира и пробива велосипедска патека, на потегот што скоро 8 години не беше прооден за пешаци и велосипедисти поради градежни работи и натрупаниот градежен материјал, поради изградбата на „Панорамското тркало“, напиша градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов.

„Изградбата на мостот е готова, „Панорамско тркало“ нема, а сега се работи на конечно ослободување и на оваа делница од кејот, за граѓаните да можат непречено да ја користат“, напиша Шилегов на Фејсбук.

Фотографии: Фејсбук

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.