ММС

Објавено на: 02/2/21 3:51 PM

Новиот сој на корона вирус од Велика Британија повторно мутира

Новиот вид на корона вирус кој се шири низ Велика Британија повторно мутира, предизвикувајќи им на научниците загриженост. Би-Би-Си пишува дека со тестирање дошле до резултати кои покажуваат мутација, наречена Е484К, веќе видена во нови видови од Јужна Африка и Бразил. Иако оваа промена во генетскиот код на вирусот може да ја намали ефикасноста на вакцината, моментално достапните сепак треба да работат, велат експертите.

Во меѓувреме, Велика Британија ги засили мерките за контрола на ширењето на новата варијанта на вирусот. Итни тестирања за јужноафриканската варијанта веќе започнаа во делови на Англија и тие воведоа забрана за патување со цел да се спречи влез на нови случаи од странство.

Вирусолог од Универзитетот во Лестер: Ова е загрижувачки развој

Англиски експерти за јавно здравје пронајдоа неколку случаи во Велика Британија со вирус кој содржи мутација E484K – тој беше пронајден во 11 од 214.159 примероци што ги тестирале. Сепак, тие забележуваат дека не е неочекувано да се појават нови варијанти на вирусот, ниту пак да продолжат да се менуваат. Сите вируси мутираат и прават свои копии за да преживеат и да се шират понатаму.

Вирусологот д-р Џулијан Танг од Универзитетот во Лестер го опиша откривањето на оваа мутација како „загрижувачки развој, иако не толку неочекуван“. Тој додаде дека сега е важно луѓето да следат строги мерки на заштита и на тој начин да го намалат бројот на новоинфицирани со корона вирусот со цел да се спречи понатамошно мутирање на вирусот.

Во спротивно, не само што вирусот ќе продолжи да се шири, туку може и да се развие.

Може ли нова варијанта да ги заобиколи антителата?

Научниците веќе проверија што можат да значат овие нови варијанти на вирусот за постојните вакцини за корона, кои се произведуваат за да се заштитат од претходните варијанти на вирусот, кои се појавија на почетокот на пандемијата. Некои истражувања покажаа дека E484K може да му помогне на вирусот да избегне антитела. Но, раните резултати од вакцината на Модерна велат дека е ефикасна против нови варијанти, дури и со оваа мутација. Иако имунитетот на телото не може да биде доволно силен или барем не за подолг временски период. Вакцините можат да се редизајнираат и рафинираат за неколку недели или месеци. Две нови вакцини за корона вирусот кои треба да бидат потврдени наскоро (Новавакс и Јансен), наводно, може да обезбедат одредена заштита. Во најлош случај, вакцините можат да се редизајнираат и рафинираат за неколку недели или месеци, кога е потребно, велат експертите. Она што би помогнало е претпоставката дека новите варијанти мутираат на сличен начин, наместо да се разликуваат едни од други.

Професорот Рави Гупта од Кембриџ коментираше за појавата на нова варијанта на коронавирусот.

Тоа ни дава знак дека мутациите имаат одредени фаворизирани патишта и можеме да работиме за да ги блокираме со вакцината.

Поранешниот британски министер за здравство Џреми Хант изјави дека во тек е трка да се вакцинираат што повеќе луѓе со цел да се биде чекор понапред од вирусот.

Мерките како што се миење раце, држење настрана од други луѓе и носење заштитна маска ќе продолжат да помагаат во спречување на инфекција.

Преземено од: https://nova.rs/


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.