ММС

Објавено на: 02/2/21 2:54 PM

Се продава „Рамстор”, потпишан преддоговор со компанијата на „Сити Плаза ДОО”

Се продава ланецот маркети, како и трговскиот центар „Рамстор”, а, како што соопштија турските сопственици „Мигрос Тиџарет”, веќе е потпишан преддговор со компанијата „Сити Плаза ДОО”.

– Почнати се преговори за продажба на 100 отсто од акциите на подружницата „Рамсторе Бугарија ЕАД”, која поседува 99 отсто од акциите на „Рамстор Македонија” на компанијата „Сити Плаза ДОО Скопје”, се наведува во соопштението на турски „Мигрос Тиџарет”.

Во соопштението се истакнува дека е потпишан преддоговор, а во тек се преговорите во врска со потпишувањето на договорот за пренос на акциите.

– Подружницата „Рамстор Македонија”, која работи во Северна Македонија, сочинува приближно 1,2 отсто од консолидираната продажба на компанијата во периодот 1 јануари – 30 септември 2020 година. Притоа е направена повторна проценка на работењето на „Рамстор Македонија”, се посочува во соопштението.

Имено, Ајдован Адемовски е сопственик на компанијата „Сити Плаза ДОО”, како и претседател на Македонско-Турска стопанска комора во Македонија (МАТТО), почесен конзул на Турција, сопственик на  трговскиот центар „Капитол мол” и на хотелот „Хилтон” во Скопје.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.