ММС

Објавено на: 02/2/21 2:22 PM

Општина Тетово е задолжена оти го следела светскиот тренд, вели Теута Арифи

8 милиони денари толку беше задолжена Општина Тетово кога градоначалничката Теута Арифи го презеде првиот мандат. Сега пред истекот на нејзиниот втор мандат долгот е пораснат, иако владата неодамна на повеќе задолжени општини им помогна финансиски да го раздолжат дел од долгот.

Официјални бројки нема, но одредени проценки кои Општината не ги демантира, говорат дека долгот на општината за разлика од пред 7 година пораснал за 2 милиони денари.

Кога Арифи ја презеде градоначалничката фотелја, рече дека приоритет ќе и биде раздолжувањето, но како што поминуваа годините, општината која таа продолжи да ја води започна уште повеќе да се задолжува. Сега Арифи го има променето ставот. Вели дека мора да се следи трендот на државата, но и светскиот тренд, задолжувања да има, но да има и инвестиции

Таа призна дека големата општинската администрацијата е една од главните причини за задолжувањето на општината.

Одредени борјки говорат дека во Општина Тетово има над 600 вработени, иако се работи за општина според бројност на исто рамниште со Битола, каде има дупло помал број на административци.

Зоран Димовски


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.