ММС

Објавено на: 02/2/21 2:11 PM

Цела Европа може да им позавиди: Отворени кафулињата во жолтата зона на Италија

Познатиот звук на чаши почна да се слуша во кафулињата низ Италија, откако властите во понеделникот ги попуштија рестриктивните мерки, пишува Ројтерс.

Две третини од Италија е обележана со жолта зона, што значи дека кафулињата во тие помалку ризични региони можат да им служат на своите клиенти.

„Се чувствувавме мртви без кафуле“, изјавила една жителка.

„Прекрасно е да се дојде овде и да разговараме со луѓето зад барот, тие прават да се чувствуваме живи секое утро пред да одиме на работа“, додала жителкта.

И, додека голем дел од Европа сè уште е под строги рестриктивни мерки, кафулињата и рестораните во делови на Италија можат повторно да им служат на клиентите во баровите, но до 18 часот. После тоа, дозволено е да се служат пијалоци надвор само до 22 часот, кога започнува полицискиот час, кој трае до 5 часот наутро следниот ден.

Министерството за здравство ги олесни мерките во 15 од 20 италијански региони, бидејќи бројот на новоинфицирани продолжи да опаѓа. Пет региони остануваат во црвената зона, а патувањето меѓу регионите е забрането до средината на февруари. Италија беше една од најтешко погодените земји за време на првиот бран на пандемија, и втора во Европа според смртноста, по Велика Британија. Но, бројот на смртни случаи во Италија исто така се намалува, додека бројот на новозаболени во неделата беше 11.252.

Туристичките атракции како Колосеум, кој беше затворен два месеци, како и музеите во Ватикан, кои беа затворени три месеци, беа повторно отворени. Оние неколку туристи кои ја посетија Италија беа воодушевени.

Туризмот е една од најважните гранки на римската економија и многумина се надеваат дека олеснувањето на мерките ќе обезбеди трошка надеж за иднината.

Преземено од: https://www.espreso.co.rs/


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.