ММС

Објавено на: 02/2/21 1:49 PM

(ВИДЕО) Сновид 2021: Полугол каубој свири на гитара на -16 Целзиусови степени

Снежното невреме Орлен, кое деновиве погоди голем дел од Америка, предизвика хаос на улиците, но им даде и можност на жителите да се забавуваат и да ги овековечат овие моменти. Некои позираа, некои вежбаа, а еден полугол каубој одлучи да ги забавува жителите на Њујорк во понеделникот наутро играјќи на улиците, пренесува Њујорк пост.

Облечен само во боксерки и каубојски чизми и капа, овој каубој настапи на -16 Целзиусови степени.

Заедно со овој луд изведувач, имаше и такви кои овој историски момент мораа да го овековечат позирајќи на Тајмс Сквер. Манекенката и туристички водич, Вероника Дудка, се упати кон Тајмс Сквер рано наутро да се фотографира и да им ја покаже на луѓето ширум светот атмосферата во Њјорк.

„Во моментов правам туристички тури преку Интернет на Инстаграм. Ми се придружуваат туристи од различни делови на светот. Ги има од Италија, Украина, Русија“, изјавила Дудка.

Џошуа Чеунг од Форт Грин реши да ја искористи снежната бура како можност малку да вежба на отворено и со тоа да им понуди на соседите бесплатни услуги за чистење на дворот.

„Ми треба малку вежбање и некаков изговор за да вежбам, затоа решив да им понудам на луѓето помош“, напиша Чеунг на социјалните мрежи.

Полициските службеници се снајдоа и во овие тешки времиња решија да го користат полицискиот автомобил за други цели. Имено, на социјалните мрежи се појави видео на кое полицајци споделуваат свежи крофни од службено возило.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by The Bronx Beer Hall (@bronxbeerhall)

Некои жители на Њујорк, како Лана Квита, ги зедоа своите скиии и скијаа низ градот.

Некои, пак, беа претприемачки, па затоа решија да направат снежен бар на отворено каде ќе споделуваат бесплатно пиво.

Преземено од: https://www.24sata.hr/
Фотографија: ANDREW KELLY; TOM BRENNER


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.