ММС

Објавено на: 02/2/21 1:23 PM

(ВИДЕО) Поради снимка од давeње девојче, Америка повторно се соочува со насилни протести

Демонстрантите во Рочестер, Њујорк, срушија полициска барикада за време на демонстрациите во врска со видеата на кои се гледа дека полицијата прска со спреј деветгодишно девојче врзано со лисици. Полициските службеници вклучени во скандалот се суспендирани. Демонстрантите организираа протестен марш во понеделникот поради прекумерната употреба на сила врз девојчето.

После маршот тие се собраа пред полицискиот оддел во Рочестер. Снимките кои кружат на Интернет го прикажуваат маршот и митингот што следеше, вклучително и моментот кога демонстрантите ја превртеа металната бариера поставена пред полициската станица и се упатија кон внатрешната ограда што го опкружува паркингот. За време на протестот, градоначалникот на Рочестер, Лавли Ворен, објави дека некои од полицајците вклучени во скандалот биле суспендирани до крајот на внатрешната истрага. Иако не е јасно дали сите девет полицајци се суспендирани, суспендираните ќе продолжат да добиваат целосна плата, според „USA Today“.

Снимките од инцидентот се појавија вчера, а полицијата објави дека реагирала на „семејни проблеми“ и потенцијално украдено возило и дека на девојчето му биле ставени лисици поради нејзината „безбедност“ и по барање на еден од родителите.

Девојчето е ослободено, и таа е во нејзиното семејство, но снимките предизвикаа бура од публицитет, поттикнувајќи ги постојните тензии меѓу полицијата и жителите на Рочестер поради убиството на 41-годишниот Афроамериканец, Даниел Пруд.

Пруд почина минатиот март престанувајќи да дише откако полицијата го закова на земја, а неговата смрт исто така предизвика протести. Поради снегот и температурите под нулата, демонстрантите се разотидоа во понеделникот вечерта. Тие беа видени како ја напуштаат полициската станица во групи за да ја намалат можноста за апсења на излезот.

Преземно од: https://www.novosti.rs/
Фотографија: Twitter


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.