ММС

Објавено на: 02/2/21 12:15 PM

Петтиот сет економски мерки ќе тежи околу 150 милиони евра, вели Битиќи

Никој не е изоставен од мерките и никој нема да биде, рече вицепремеирот задолжен за економски прашања Фатмир Битиќи.

Тој истакна дека сите граѓани се опфатени со различните мерки и пакети кои што ги носи Владата, и дека се креираат програми во ресорните министерства, но средствата не се намалени дури некои програми ги надополнивме со финансиски средства, вели Битиќи.

„Ниту една програма во Министертсвото за труд и социјална политика не е скратена, дополнително се додадени средствата диркетно преку министертсвото или преку агенциите кои функционираат во министерството“, вели вицепремиерот Бииќи.

Финансиската поддршка на платите не изостанува и во петтиот пакет на мерки, потенцира тој ќе има финансиска поддршка за платите исто како што беше претходно, затоа што и претходната помош не беше бесусловна, со тоа што некој вели дека тоа се неповратни средства, најверојатно информациите немаат допрено до сите, треба да се исполнат одредени услови за тие средства бидат неповратни.

„Истиот механизам го користиме и сега, двете опции се  во разговори со стопанските комори, синдикатите, и сите други чинители и најверојатно оваа недела ќе треба да пресечеме заеднички со сите засегнати страни која е најдобрата мерка која треба да ја аплицираме“, вели Битиќи.

За ваучерите Битиќи вели дека тоа било атхот мерка направена во период на криза. Со оваа  опфатени беа скоро 700.000 граѓани, но вицепремиерот во новата мерка предвидува има една многу поголема мерка која што се однесува директно на граѓаните, а тоа е отпишување на каматите за долговите кон јавните претпријатија, без разлика дали се на локално или на национално ниво, што е директна помош на самите граѓани. И другиот сет на мерки кој што се прави е од прилика околу 20 мерки, вели Битиќи.

Петтиот пакет мерки се очекува оваа недела да биде финализиран, рече Битиќи доколку се постигне консензус со сите засегнати страни.

„Големината на финансискиот пакет како диркетни буџетски импликации некаде помеѓу 50 и 60 милиони евра, но како фискални импликации зборуваме за околу 150 милиони евра ќе биде големината, но сеуште се разгледуваат деталите“, вели Битиќи.

Според последните проценки до 31-ви декември дирекетни средства потрошени од буџет се 350,4 милиони евра, во нив не влегуваат финансиските средства кои се потрошени во јануари. Трите најголеми законски решенија кои што требаше да вбризгаат околу 250 милиони евра во стопанството, за жал веќе два ипол месеци се заглавени во Собранието.

Г.Д


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.