ММС

Објавено на: 02/2/21 11:34 AM

Расчистено разбојништво во аптека во Скопје, осомничениот приведен

Министерството за внатрешни работи информира дека вчера полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода скопјанецот Е.А.(36), затоа што околу 20:20 часот извршил разбојништво во аптека на бул. „Видое Смилевски Бато”, при што со закана од вработената одзел сеф со пари.

-Веднаш по добиената пријава, преземени се мерки и активности и Е.А. бил приведен во полициската станица Аеродром заедно со одземените предмети. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок, соопштуваат од МВР.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.