ММС

Објавено на: 02/2/21 11:02 AM

(ВИДЕО) Бесиан Мехмети: Зелениот кров ќе служи и како маалски парк

Бесиан Мехмети, еден од најперспективните млади архитекти ќе се потпише зад зелениот кров на ДТЦ Мавровка. Ова е трет и најголем зелен кров кој ќе никне во главниот град.

Тој во видео интервју открива детали околу идејата за зелениот кров и што се е предвидено да содржи и за кога е наменет. Наскоро овој запуштен и руниран покрив ќе стане зелена оаза за одмор и рекреација.

„Приказната за зелениот кров на Мавровка, тргна полуспонтано на еден од нашите состаноци со сопствениците на дел од деловните простории. Увидовме дека постои и има потенцијал овој простор да се развива и добие сосема нов карактер“, вели Бесиан.

Идејата и концептот за зелениот покрив бил заснован ана референтни примери од светот како таму се уредуваат вакви зелени површини. Идејата била веднаш прифатена, вели Бесиан.

„Прво се засноваме на некои концепти, референтни примери од светот како може овој простор да изгледа и да се користи. На наредниот состанок веќе дојдовме со конкретна идеја и една презентација која требаше да се презентира пред властите од градот, конкретно и до градоначалникот Шилегов кој ја прифати многу позитивно и се вложи самиот да стигне до реализација оваа првична идеја. Нашиот концепт за зелениот кров се поврзува со посоечката матрица на Мавровка и правиме пркатично и правиме една нова топографија со нова содржина“, вели младио архитект Бесиан Мехмети.

Повеќе може да погледнете и слушнете од видеото подолу:


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.