ММС

Објавено на: 02/2/21 11:13 AM

Нора Шаќири е новиот в.д директор на НУ Театар Комедија: Ќе ја менаџирам институцијата до назначување на нов директор

Нора Шаќири Марковиќ е назначена за в.д директор на НУ Театар Комедија, информира Министерството за култура.

Како што велат од Министерството, поради неправилности во работењето, утврдени од вонредниот инспекциски надзор, денеска е разрешен Сашо Ристовски од функцијата директор на НУ Театар Комедија. При надзор е утврдено на театар презел обврски над одобрените средства од Министерството за култура во вкупен износ од 8.734.486, 00 денари без притоа да ги обезбеди од други извори.

„Со тоа е сторена повреда на чл.70 а, став 4 од Законот за култура. До изборот на нов директор, заради непречено фунционирање на оваа установа, за в.д. директор е назначена Нора Шаќири Марковиќ, вработена во театарот“, информираат од Министертсвото за култура.

ММС ја контактираше новоизбраната в.д директорка на Театар Комедија, која во изјавата вели дека нема што да каже бидејќи информацијата излегла скоро и не’ информираше дека таа ќе ја менаџира институцијата се’ до назначување на нов директор со отворање на конкурс.

„Јас сум човек кој што се занимавал со телевизија цел живот и култура, не можам ништо да кажам како ќе биде, пред пет минути излезе информацијата. Јас морам да ја менаџирам институцијата до назначување на нов директор, односно отворање на конкурс. Не можам да знам што се’ се случувало. Ќе видам сега, како што информира Министерството, имале вонреден инспекциски надзор, виделе што се случува, а одлуката си е нивна“, изјави Шаќири Марковиќ за ММС.

Таа најави дека веќе утре  е нејзиниот прв работен ден.

Г.Д

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.