ММС

Објавено на: 02/2/21 8:22 AM

На Шапка 57 сантиметри снег, во Маврово – осум

Утринава во 7 часот, според УХМР, насекаде во Македонија се измерени позитивни утрински температури. Најстудено било во Маврово со +1 степен, а најтопло во Дојран и во Демир Капија – осум степени. Во Скопје во 7 часот биле измерени четири степени.

Најмногу снег има на Попова Шапка – 57 сантиметри, а во Маврови Анови висината на снежната покривка е осум сантиметри.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.