ММС

Објавено на: 02/2/21 6:57 AM

Време: Денеска до +16 степени, од утре и потопло

Умерено до значително облачно, некаде со сончеви периоди, a на места со слаб дожд, особено во планинските региони. Ќе дува слаб јужен ветер. Минималната температура секаде ќе биде над нулата, а максималната дневна се очекува да достигне до 16 степени. Тоа е прогнозата на УХМР за денеска.

Од утре следува период на стабилно и претежно тивко време со натпросечни дневни температури за овој период од годината и со појава на магла по котлините во утринските часови.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.