ММС

Објавено на: 02/1/21 10:12 PM

Директорката на Инфективна клиника, Милена Стевановиќ, позитивна на Ковид-19

Директорката на Клиниката за инфективни болести, Милена Стевановиќ, позитивна е на Ковид-19, пренесува „Kaнал 5“.

Според информациите на овој медиум, таа добила позитивен тест минатата недела и сега е во домашна изолација, а покрај неа двајца лекари и една медицинска сестра исто така се позитивни на вирусот. Стевановиќ е на домашно лекување и без посериозни симптоми.

За потсетување, пред десеттина дена на Клиниката за нефрологија се заразија повеќе од 20 вработени истовремено.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.