ММС

Објавено на: 02/1/21 9:30 PM

При вооружен напад во Мексико во куќа во која билa организирана забава загинаа седум лица

Во мексиканската држава Халиско викендов четири вооружени лица нападнаa куќа во која билa организирана забава. Во нападот 7 лица го загубија животот, известува Агенција Анадолија (АА).

Полицијата објави дека викендов, на местото на настанот четири вооружени напаѓачи дошле со 2 мотоциклa и упаднале во куќата во која се одржувала забава. Напаѓачите, откако ги заплениле парите и скапоцените предмети на луѓето што биле на забавата, пукале врз насобраните луѓе, убивајќи 7 лица, од кои едната е жена.

Државата Халиско долг период е дом на истоимениот картел. Нападот бил извршен во место што се наоѓа во близина на границата со мексиканската држава Закатекас, локација во која неколку наркобанди се борат за доминација врз територијата.

Сличен вооружен напад бил извршен и во соседната држава Мичоакан. При тој настан, од истрелите на тројцата напаѓачи, коишто пукале врз лицата што присуствувале на една забава, ранети се неколку лица, меѓу кои имало и деца.

Официјалните лица од повеќето мексикански држави предупредуваат дека не треба да се организираат забави поради пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19), но познато е дека не се покажува неопходната грижа кон санкциите. Федералната влада ги предупреди државите да не спроведуваат приведувања поради таквите настани.

 

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.