Седумдесет и осумгодишниот Филип и осумдесет и осумгодишната Патрисија од Велика Британија се венчале, откако претходно 46 години биле во врска.
Венчавката била организирана во една универзитетска болница и тоа токму на одделението на кое старицата во моментот се лекува од ковид-19, пренесува Гардијан. Оваа несекојдневна венчавка е одржана откако вработена во болницата преку Твитер барала матичар, а откако го пронашла, таа била еден од сведоците.
We are desperately seeking a registrar to perform a civil wedding ceremony on COVID ward @nhsuhcw @live_coventry can anyone urgently help?
— Joanna Shakespeare (@shakeyjs) January 28, 2021
Една од докторките во болницата за Гардијан изјавила дека парот планирал да го изговори „судбоносното да“ откако ќе заврши пандемијата, но планот го промениле поради влошената здравствена состојба на Патрисија.
Можеби венчавката не беше таква каква што замислувале, но нашиот персонал се потруди да им овозможи незаборавна церемонија. Болничката соба ја украсивме, позајмивме прстени, имавме старосватици, но темелот на се е всушност нивната безусловна љубов. Ова попладне во нашата болница нема никогаш да го заборавиме – изјавиле од болничката служба за односи со јавноста.
Извор: stil.kurir.rs