ММС

Објавено на: 02/1/21 8:34 PM

Еден од најголемите јужноамерикански таленти потпиша за Брајтон

Какви 24 часа за екипата на Брајтон. Прво го совладаа Тотенхем и ја впишаа првата победа на домашен терен сезонава во Премиер лигата, а потоа ангажираа еден од најголемите таленти на јужноамериканско тло.

Деветнаесетгодишниот Моисес Каиседо потпиша договор на четири години со „галебите“ и ќе го носи дресот на Брајтон до 2025 година. Еквадорските медиуми во изминатите неколку месеци шпекулираа дека Каиседо ќе се пресели во Премиер Лигата, но во дресот на Манчестер Јунајтед, за да приказната добие нова димензија во јануарскиот преоден рок.

-Не е тајна дека ние напорно работевме да го доведеме Моисес во клубот и ние сме многу задоволни што конечно тоа го остваривме и тој е тука. Ќе му треба време за адаптација со групата, но тој е играч што одлично играше во Еквадор и дебитираше за репрезентацијата на 18 години, изјави Грем Потер.

Каиседо за првиот тим на Индепендиенте дел Вале првпат истрчал на терен во 2019 година, а една година подоцна добива повик од еквадорскиот селектор и во поразот од Аргентина во квалификациите за Светското првенство 2022, дебитира за државниот грб.

Сумата која тимот од југот на Англија ќе мора да му ја исплати на еквадорскиот клуб е шест милиони фунти.

 

 

 

Фото:

skysports.com


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.