ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 07/21/18 7:11 AM

Во Прилеп извршен увид на местото каде беше пронајден мртов полициски службеник

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Прилеп со екипа од крим-техника при прилепската полициска станица изврши увид на местото во близина на локалниот пат с.Беловодица-с.Дрен, каде вчера попладне беше пронајден мртов 45-годишен полициски службеник вработен во МВР – ПС Прилеп.

Лицето е пронајдено во лежечка положба до неговото возило, со прострелна рана во главата и службениот пиштол во раката.

Притоа јавниот обвинител издаде наредба за подигање на предмети и траги кои можат да послужат како доказ и наредба за обдукција врз телото на починатиот заради утврдување на причините за смртта.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1